ЕУ: Закани за нови санкции за Русија

27.01.2015 14:27

Лидерите на ЕУ најостро го осудија артилерискиот напад на проруските сили врз Мариупол, во кој загинаа најмалку 30 лица...

Шефовите на држави или влади на 27-тe земји-членки на Европската унија најавија заострување на санкциите против Русија, доколку Москва не ги осуди акциите на проруските сили и не почне со спроведување на договорот од Минск. 

Лидерите на ЕУ најостро го осудија артилерискиот напад на проруските сили врз Мариупол, во кој загинаа најмалку 30 лица. 

Во заедничко соопштение тие наведуваат дека постојат докази за континуирана поддршка од Русија на сепаратистите, што ја нагласува одговорноста на Русија. 

Советот на ЕУ ќе даде конечен став за санкциите најавени на неформалниот самит во Брисел следниот месец.