Саемот на книга во „Матица“- одлична можност да се збогати домашната библиотека

27.01.2015 14:45

Традиционален саем на книгата во „Матица“ по 16-ти пат. Одлчична можност по ниски цени да се купи некоја книга и да се збогати домашната ризница. И оваа година Саемот е посветен на македонските автори, а ќе трае до 31-ви јануари...

Богатото македонско книжевно творештво по достапни цени. Можност да се збогати домашната библиотека со некој интересен наслов. Граѓаните се жедни за добра книга. Саемот  буди голем интерес кај љубителите на пишаниот збор.

Книгата за мене претставува најголемо богатсво, достапна секогаш и секаде. Новите технологии земаат замав, сепак, имајте директен контакт со книгата, рече министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска.

„Купив дела кои се значајни за мене како социолог, кои ја поврзуваат социологијата со општествената образовна и културна промена, некои дела од мојата област, културата. Имав можност и директно да се видам со Марта Марковска, која го има издадено ова дело. Другото дело е од мојот ценет професор, Петре Георгиевски“, изјави министерката Канческа- Милевска.

Во 1987 година вкупниот приход од македонските автори бил 5%, а сега е 85%.

„Нема писател што може да се каже дека е писател што може да се оствари низ читатели, преку тоа колку неговите книги се купуваат, колку се читаат, а мислам дека во Македонија тој тренд се повеќе расте“, вели писателот Блаже Миновски.

„Горд сум што имаме автори кои можат да бидат рамо до рамо со светските“, нагласува Дејан Павлески, директор на „Клуб Матица“.

Саемот на книга овозможува и директен контакт со некој од авторите, средба и разговор со омилениот писател. Акцијата на „Матица“ традиционално се одржува по 16-ти пат, а од година в година има се повеќе читатели, годинава радува фактот што има се помлада публика, велат од „Матица“.

 

Александра Перевска