Екстрадиран еден од најопасните криминалци, Алмир Дрпљанин

27.01.2015 14:57

Дрпљанин, важеше за еден од најбруталните убијци и криминалци по кои трагаше полицијата...

Со силно полициско обезбедување синоќа беше екстрадиран Алмир Дрпљанин и спроведен во штипскиот затвор за одлежување на бројни затворски казни меѓу кои и доживотни.

Во мај 2010 година, осуден на доживотен за убиството на полицаец- припадника на едницата Алфа и повредени уште двајца негови колеги кај Природно- математичкиот факултет. Осуден за разбојништво врз комбето на Македонска пошта, тешки кражби во златарници, банки.

Дрпљанин, важеше за еден од најбруталните убијци и криминалци по кои трагаше полицијата.

Летото 2012-та година беше уапсен на Косово по што отпочна постапката за негова екстрадиција.

По него беа распишани неколку меѓународни и поголем број национални потраги за бројни тешки кривични дела извршени во Република Македонија.

Дрпљанин ќе биде предмет на дополнителна истага.

 

Наташа Гркова- Петрушевска