Бјонберг: Македонскиот здравствен систем е уникатен

27.01.2015 15:10

Македонија забележа значителен напредок на Европскиот здравствен потрошувачки индекс. Како најдобар реформски чекор е оценет проектот „Мој термин“...

Претседателот на здравствената организација „Куќа на здравјето на потрошувачите“, Арне Бјонберг посочи дека реформите во македонскиот здравствен систем како уникатни. Македонија забележа значителен напредок на Европскиот здравствен потрошувачки индекс. Како најдобар реформски чекор е оценет проектот „Мој термин“.

„Бев активен во продажба на решенија за здравствениот систем на ИБМ повеќе од 20 години и чекав толку години за да видам некој да направи нешто, а што уште одамна беше технички возможно. Најимпресивно е дека Вие тоа го направивте, бидејќи она што го прави системот е да го елиминира времето за чекање во здравствениот систем. Никој друг нема ништо слично на она што го има Македонија во здравствениот систем“, изјави Бјонберг. 
 
Според Европскиот здравствен потрошувачки индекс Македонија е рангирана на 16-то место со 700-ни од максимални илјада бодови што е скок од 11 места во однос на 2013-та година.