Вонредна состојба во Њујорк поради снежното невреме
27.01.2015 15:56
Затворени се патиштата и метрото, автобусите се паркирани во гаражите, аеродромите се затворени, училиштата не работат...

Градот што не спие ги затвори портите. Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради историското снежно невреме. Невообичаено тивко е и во Менхетен, срцето на „Големото Јаболко“ – само службите за чистење снег и случајни минувачи.
10 милиони жители на источниот брег се скрија пред налетот на ветрот. Затворени се патиштата и метрото, автобусите се паркирани во гаражите, аеродромите се затворени, училиштата не работат.
Издадено е предупредување на територија од 402 километри, но сепак, метеоролозите ги намалија прогнозите – иако страшно, невремето не е толку силно како што се очекуваше.
