Светот го одбележува Меѓународниот ден на жртвите од холокаустот
Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот, кога на 27-ми јануари 1945-та година, Црвената армија го ослободи логорскиот комплекс „Аушвиц- Биркенау“, кадешто се смета дека се убиени повеќе од милион луѓе. За време на втората Светска војна во рамките на таканареченото конечно решавање се убиени до 6 милиони Евреи со што оваа популација беше сведена на незначителен број...

Во фабрика на смртта во Аушвиц згаснаа над милион животи, мажи, жени и деца најмногу од еврејската популација. Советите затекнале само 7.500 преживеани логораши коишто беа и единствените сведоци за злосторничкиот план за истребување на еврејскиот народ. Во логорот Биркенау и во околината биле изградени постројките за масовно уништување, но, сите затвореници не умреле од труење со гас, бидејќи отткако луѓето биле депортирани до логорите на смртта, од страна на германците биле селекетирани на оние коишто ќе бидат убиени веднаш, и на оние коишто ќе го преживеат доаѓањето во логорите на смртта. За овие страдања се подсетува во книгата „Јас сум Аушвиц број 14“, преживеаниот невропсихијатар, кој како 13 годишно момче доживеа се што не требаше да види на оваа возраст.
„Ако руските војници закаснеа само еден ден сите ќе бевме мртви. Смрта беше секојденвие, но постеоеше огромна волја за живот и во такви нечовечки услови на живеење. Останав сирак, сите мои најблиски повторно не ги видов. Беа убиени во гасната комора“, вели Томас Редиал, преживеан логораш од Биркенау.
„Моите две сестри беа под медицинска тортура на Менгеле. Ќе одам таму, уште еднаш пред врата на смртта да им одадам почест на оние кои од нацистичката бруталност не успеаа да преживеат“, изјави Леон Виндрауб, преживан логораш од Аушвиц.
Историчарите размилуваат за тоа како да се сочува сеќавањето за Аушвиц и холокаустот, кога преживеаните логораши повеќе ке ги нема, затоа што никој не растполага со податоци колккава е бројката на сеуште живите преживеани од Аушвиц.
„Во музејот се изложени најмногу предмети коишто им припаѓале на нашите сограѓани Евреи, кои ги оставиле во своите напуштени домови. Имаме најмногу докуматација на оваа Заедница којашто беше многу активна во нашата држва“, изјави Магда Веселска, кустос од Музејот на евреите во Прага.
На церемонијата во Аушвиц меѓу европските лидери е и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Полските медиуми известија дека во Аушвиц нема да дојде рускиот претседател Путин, со објаснување дека тој на овој ден го посетил еврејскиот музеј во Москва.
Мирјана Василева
