Бензински станици: Точиме квалитетни горива
Оние кои се во бизнисот со нафтени деривати тврдат дека до граница цистерните доаѓаат запечатени, но, поради контролите тие се отвораат, па не може да се има увид дали се случува нешто до достават до крајната дестинација...

Бензинските пумпи работат со полна пареа, се увезува гориво од Албанија и од Грција. Сопствениците тврдат дека горивото кое што се увезува е квалитетно, откако се отвори сомнеж дека граѓаните помалку возат со истото количество гориво пред драстичното намалување на неговата цена.
Оние кои се во бизнисот со нафтени деривати тврдат дека до граница цистерните доаѓаат запечатени, но, поради контролите тие се отвораат, па не може да се има увид дали се случува нешто до достават до крајната дестинација.
„Може да се случи некоја далавера од страна на шоферите. Ние се плашиме од шоферите, затоа контролираме“, вели Мите Јовановски, сопственик на бензинска станица.
Дел од граѓаните се задоволни од квалитетот на бензините. Велат дека сега со пониската цена можат да наполнат повеќе. Сепак внимаваат од каде точат бензин.
„Моментално имаме квалитетно гориво... Во последно врме е добро, сум возел пред години, се случувало да ми замрзне нафта... Имам роднини од странство кои велат дека со истото возило, таму кај нив помалку троши, а тука повеќе“,велат дел од граѓаните кои ги анкетиравме.
Јовановски вели дека ако има вода во горивата таа веднаш може да се открие. Бензинските тоа самите го контролираат. Доволно е оваа специјалната маст да дојде во контакт со бензин во која има вода и таа да поцрвени.
„Да се утврди дали има вода во горивото потребни се 30 секунди. Контрилираме дали има вода само, а за други работи немаме лабараторија да докажеме што е и како е“, додава Јовановски.
Во Македонија годишно се увезуваат 1,5 милиони тони нафтени деривати. Државниот пазарен инспекторат лани од вкупно 14 субјекти, кај пет утврди отстапувања во квалитетот на горивото.
Дијана Ценевска
