ИД: Ќе го убиеме Обама во Белата Куќа
28.01.2015 09:22
Во едната видео-снимка тројца борци на ИД стојат над клекнат курдски борец кој му порачува на Обама дека ќе оди во САД...

Припадниците на Исламска држава денеска емитуваа три нови видео-снимки, во кои се закануваат дека ќе ги убијат јорданските и јапонските заложници, но упатија и директна закана дека ќе го обезглават американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа, јави телевизијата „Фокус њуз“.
Во едната видео-снимка тројца борци на ИД стојат над клекнат курдски борец кој му порачува на Обама дека ќе оди во САД.
Обама знај дека ќе дојдеме во Белата куќа и таму ќе ти ја отсечеме главата, вели борецот.
Екстремистите исто така ги предупредуваат и евроските држави Франција и Белгија дека ќе извршуваат напади со автомобили-бомби.
