Викендов нов бран врнежи, препорака до градоначалниците за будност

28.01.2015 10:24

Сакаме да ја подигнеме состојбата на едно алармантно ниво за да ги заштитиме граѓаните и нивните имоти, како и земјоделските површини од евентуални нови поплави, посочи министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески...

По најавата за нов бран на врнежи кој се очекува во петок попладне, Координативното тело за справување со кризи договори мерки кои треба се превземат во следниот период.

Координативното тело направи преглед на можни критични точки кои ќе бидат доставени до сите релевантни институции. Сакаме да ја подигнеме состојбата на едно алармантно ниво за да ги заштитиме граѓаните и нивните имоти, како и земјоделските површини од евентуални нови поплави, посочи министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Според информациите на УХМР, нов јужен бран ќе ја зафати Македонија, ќе има голем интензитет на врнежи кој се очекува да биде поголем отколку тој во изминатиот викенд. Ќе има и топење на снеговите до 1.600 метри бидејќи ќе има јужен ветер.

Критичните точки остануваа во Штипско, Струмичко, како и Гевгелија, Демир Капија, Велес и Радовиш бидејќи се очекува зголемување на водостојот на Вардар.

Министерот Јанакиески посочи градоначалниците да ги стават на готовс сите расположливи ресурси и да ги активираат своите кризни штабови.