Кумановскиот катастар со нула нерешени предмети

28.01.2015 10:32

Наскоро се очекува и целосна дигитализација на катастарските планови што дополнително ќе ја олесни работата на катастарот, а тоа за граѓаните ќе значи уште подостапна и побрза услуга за граѓаните...

Кумановското катастар е меѓу подобрите во државата во однос на бројот на нерешени барања. Електронското работење резултираше со речиси нула заостанати предмети. Во измината година има примено 65.000 илјади предмети и скоро сите се решени.

Наскоро се очекува и целосна дигитализација на катастарските планови што дополнително ќе ја олесни работата на катастарот, а тоа за граѓаните ќе значи уште подостапна и побрза услуга за граѓаните.

„Исто така одделението одлично го тера и процесот на дигитализација на катастарските планови. Вкупно се дигитализирани 90% од површината на Куманово, а 50 проценти се веќе во редовна употреба. Исто така оддлението активно се вклучи во други проекти како што се постапката за експропријација, за новата пруга што треба да се гради“, изјави Славе Трпески, директор на Агенција за катастар на недвижности.

„Имавме најмногу работа од областа на легализација, решенија за приватизација од страна на Министерството за финасии, запишување на неапишани права, промена на култури и многу други предмети“, вели Дејан Јовановски, раководител на подрачно оддление Катастар Куманово.

Акцијата Отворено со катастарот се организира седма година по ред со цел инсититуцијата да се доближи до граѓаните и поажурно да се решат прашањата од нивна надлежност.

„Дојдов за легализација на објект кој е изграден во двор посебно од куќа и сега треба тука во катастарот да го внесам.“

„Барав имотен лист за една ниво во село и за брзо време службите ми го дадоа. Работата тече како што треба се е во надобар ред.“

„Откако го поставија овој систем со бројчиња за ред, многу добро оди, задоволен сум“, велат граѓаните кои чекаа на шалтер.

Во куманоскиот катастар има 34 вработени кои решаваат од 4.000 до 5.000 предмети месечно.

Габриела Димковиќ