Ракомет- СП Катар

Пред две години беше финале

28.01.2015 11:40

Данците имаат долг за наплата.Без оглед што минатиот јануари на европското првенство данците славеа над Шпанија со 31-28 ,уште им се свежи и болни сеќавањата на големото финале од светското во 2013-тата...

Во дерби-дуелот од четвртфиналната програма на СП во Катар денеска од 19 часот во Лусаил арената ќе играат селекциите на Данска и Шпанија. Можеби е прерано за една од двете селекции што беа вбројувани како главни фаворити за титулата да го нашушти шампионатот ,но затоа атракцијата уште во четвртфиналето нема да недостасува.

Данците имаат долг за наплата.Без оглед што минатиот јануари на европското првенство данците славеа над Шпанија со 31-28 ,уште им се свежи и болни сеќавањата на големото финале од светското во 2013-тата кога загубија уште пред да го почуствуваат шмекот на битката за златниот трофеј, „Фуријата“ тогаш ги збриша со конечни 35-19 што беше и еден од најтешките порази на некој од финалистите на Светките првенства.

Шпанија и денеска делува моќно.Без пораз ниту со поголеми проблеми стигна до четвртфиналето,додека ДАнска беше непријатни изненадена уште на стартот со ремито против Аргентина,потоа и со Германија,но во од ја подигаше формата до денешниот натпревар да се биде или не.

Дуелот по кој една од двете големи репрезентации ќе се прости од битката за медали следете го денеска на првиот програмски сервис на МРТ од 19 часот.