Данска-Шпанија низ бројки
Статистиката вели дека данците против Шпанија постигнуваат 27,4 голови во просек,а примаат просечно 27,3...

Во дерби четвртфиналниот натпревар на Светското првенство во Катар селекциите на данска и Шпанија по 9-ти пат ќе ги одмерат силите на големите натпреварувања. Последен пат играа на европското во Данска каде гналешто славеа домаќините со 31,28,како реванш за дебаклот во финалето на СП 2013 кога загубија од Шпанија со 35-19.Шпанците славеле само уште еднаш и тоа на европското во 2006-тата со 34-31,додека данска е поуспешна во вкупниот меѓусебен биланс со 6 победи и 2 пораза.
Статистиката вели дека данците против Шпанија постигнуваат 27,4 голови во просек,а примаат просечно 27,3.
НА светското во Катар ,Данска има резлизација на ударите кон противничкиот гол од 65 насто,односно постигнала 184 погодоци од 284 обиди или процентот на реализација на 317-те напади е околуб 58 насто.
Шпанците играле побрзо, организирале 339 напади со 190 постигнати погодоци што е реализација од 56 насто.
Дека данската игра не е базирана на брзина и контри како порано говори податокот дека од 29 контранапади постигнале 24 погодоци,додека шпанците 35 од 42 контри.За одбележување е и податокот дека Шпанија направила повеќе технички грешки –вкупно 78 на 6 меча за разлика од данците кои во 61 напад ја загубиле топката.
Колку и дали статистиката може да биде најава на мечот меѓу Данска и Шпанија ќе видиме вечер од 19 часот низ преносот на првиот програмски сервис на МРТ.
