Откупени половина од планираните количества тутун
28.01.2015 12:37
Според сегашната динамика откупот може да заврши и пред законскиот рок, до 15 март...

Девете компании досега откупија вкупно 10.500 тони тутун со просечна откупна цена од скоро 120 денари за килограм.
Лошото време на почетокот на месецов, во одредени региони го сопре преземањето, но подоцна фирми продолжија со нормална динамика на откупот.
Иако според тутунарите имаше најава дека поради поголемата родност ќе има од 3.000 до 5.000 тони вишок на тутун, фирмите сега ги преземаат сите понудени количества.
Тутунопроизводителите кои се незадоволни од проценката бараат повторна проценка од второстепената комисија.
Методија Трајков
