Нов пад на цената на суровата нафта
Но, сите погледи се насочени кон Вашингтон, каде почна дводневното заседание на Американските федерални резерви. Се очекува евентуално зголемување на каматните стапки, прво од 2006-та...

Барел американска лесна нафта за испорака во март на стоковата берза во Њујорк се тргува за 45,53 долари, односно поевтини за 70 центи во однос на вчера. Слични движења и на берзата во Лондон. Нафтата од типот Брент од Северното море поевтини за 60 центи, односно се продава за 49 долари.
Но, сите погледи се насочени кон Вашингтон, каде почна дводневното заседание на Американските федерални резерви. Се очекува евентуално зголемување на каматните стапки, прво од 2006-та.
Аналитичарите во нафтениот бизнис будно го следат движењето на каматните стапки затоа што нивниот раст обично предизвикува јакнење на доларот. Тоа ја прави нафтата поскапа за земјите со послаба валута и предизвикува намалување на вкупната побарувачка.
Истовремено, од Русија стигна порака дека државната нафтена компанија „Роснефт“ може да издржи пад на цената на нафата и до ниво од 30 долари за барел, затоа што имала за 5 пати помали производни трошоци во однос на западната конкуренција.
Свето Николовски
