Иванов: Да не се заборави холокаустот

28.01.2015 13:11

На церемонијата присуствуваше и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој во присуство на повеќе светски државници се поклони пред споменикот на холокаустот во Аушвиц Биркенау...

Да не се заборави! И по 70 години, остана сеќавањето за 6-те милиони евреи, кои беа ликвидирани во злогласниот логор на смртта Аушвиц. Околу 300 преживеани вчера се собраа во концентрациониот логор, за да оддадат мементо на холокаустот.

На церемонијата присуствуваше и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој во присуство на повеќе светски државници се поклони пред споменикот на холокаустот во Аушвиц Биркенау.

„Разговаравме за состојбите во регионот и Европа. За се она што се случува, сите оние ставови, предрасуди кои се случуваат денеска, мора да бидеме свесни кон што водат. Оваа комеморација е можност да се потсетиме дека секоја појава мора да се спречи за да во иднина не дојде до одбележување настани од нашиот живот“, изјави претседателот Иванов.

Иванов потсети и на депортацијата на македонските евреи во логорот Треблинка.