Студентите од Мексико убиени од нарко- банда
Нивното исчезнување предизвика протести низ целата земја и криза на владата на претседателот Енрике Пења...

43-цата киднапирани студенти ги убила нарко-банда – според мексиканскиот министер за правда ова може да се тврди со правна извесност. Нивното исчезнување предизвика протести низ целата земја и криза на владата на претседателот Енрике Пења.
„Зборот „затворена истрага“ е несоодветен. Не можеме да ја затвориме додека не ги уапсиме сите осомничени. Но имаме повеќе од доволно докази да утврдиме дека ги убиле и ги запалиле“, изјави Хесус Муриљо, главен обвинител на Мексико.
Студентите исчезнаа во градот Игуала – полицијата, по наредба на градоначалникот и неговата сопруга го нападнала автобусот во кој патувале и ги предала на бандата „Херерос унидос“. До сега студентите се водеа како исчезнати.
