Повеќе пари за матичните лекари

08.01.2014 14:55

Секој нов матичен лекар што ќе склучи договор со Фондот за здравствено осигурување ќе добива фиксни 40 000 денари месечна капитација. Почетниците овие пари ќе ги добиваат за првите 18 месеци додека да се стекнат со доволен број пациенти. Тоа е капитација како за 400 просечни пациенти, односно 800 бода. Оваа мерка на Фондот е за стимулација и за зголемување на бројот на матични лекари, со што примарната здравствена заштита ќе биде поблиску и подостапна до пациентите. Во Фондот велат дека се уште нема пријавено матични лекари, со оглед на празниците.

Посебно внимание се посветува на стимулација на лекарите во оддалечените и тешко достапните рурални средини. Фондот од оваа година ќе им ја зголеми капитацијата за 5000 денари. Наместо минималните 55 000, ќе добиваат по 60 000 денари или, наместо максималните 85 000, ќе добиваат по 90 000 денари.  Државата со години има проблем да ги натера или да ги задржи лекарите да останат во селата со многу мал број жители кои се претежно многу стари и изнемоштени. Лекарите не се решаваа поради оддалеченоста, малкуте пари, многуте трошоци и неможноста за професионално напредување.

Има новини и за матичните гинеколози. Ако досега беа ограничени со капитација за максимум 3500 бода, без разлика колкав број жени го избрале за матичен гинеколог, сега таа граница се поместува во износ на пари за 4000 бода. Оваа промена е направена по жалба на жените кои биле одбивани од гинеколозите да бидат нивни избрани лекари.Тие одбиваа повеќе пациентки зашто Фондот не им плаќаше за нив. Пр.капитација од 3500 бода за 5000 пациентки беше повеќе трошок за нив. Со оглед на дефицитарноста на овие специјалисти, многу жени не по своја вина останаа без матични гинеколози. Оваа стимулација според надлежните треба да овозможи пристап до поквалитетна здравствена заштита и рано детектирање и превенција на многу заболувања, особено од рак на грлото на матката.

Соња Стојановска