Филмски опус и книга за јубилејот на бардот на македонскиот театар и филм, Љубиша Георгиевски
Неговите филмови се ивонредна можност младите генерации и вљубеници во уметноста да се запознаат со маркантоното творештво на овој автор, кој што ја збогати македонската кинематографија и во неа внесе оригинален филмски израз...

77 години живот и 55 години творештво на бардот на македонскиот театар и филм, професорто Љубиша Георгиевски. На неговиот творечки пат се забележани преку 160 театарски претстави, дваесетина филмови и телевизиски драми, бројни пиеси и публицистичка дејност. Големиот јубилеј одбележан со промоција на целиот филмски опус на овој режисер и со книгата „Театарски магии“.
„Георгиевски е автор со неверојатна имагинација и инвентивност. Бескрајно љубопитен и длабокоумен раскажувач за кого и неговите некогашни студенти раскажуваат легенди и го поставуваат како репер за своите естетски, етички и лични определби“, изјави министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска.
Неговите филмови се ивонредна можност младите генерации и вљубеници во уметноста да се запознаат со маркантоното творештво на овој автор, кој што ја збогати македонската кинематографија и во неа внесе оригинален филмски израз.
„Нам ни претставува чест, со еден скромен придонес преку документарниот филм за него, да бидеме овековечени меѓу неговите филмски остварувања, кои Кинотекста ги дигитализираше за овој јубилеј“, изјави Соња Јаќоска- Самарџиева, ко- автор на документарниот филм за Љубиша Георгиевски.
Реставрирани беа 4 долгометражни филмови, 2 кратки играни и еден документарен филм. Реставрацијата беше извршена во филмската лабораторија во Будимшешта. ДВД изданието е тријазично, на англиски, македонски и албански јазик.
Александра Перевска
