Опасноста од нови поплави и натаму демне

28.01.2015 16:06

Зимата не попушта. Дава помалку снег, а повеќе дожд. Метеоролозите најавуваат 40-тина литри на метар квадратен на југо-истокот и во западниот дел од земјава...

Нови 40 литри дожд на метар квадратен најавуваат синоптичарите за стартот на викендот. Хидролозите алармираат – има опасност од поплави. Минатата година била највлажна во изминатите 50 години. Земјата нема да може да го апсорбира доплнителното количество вода. 

„Ќе врне во цела Македонија, најзагрозени- западните и јужните делови“, изјави Лена Јованова, синоптичар.

Иако водостојот на реките по обилните врнежи од пред една недела опаѓа, и во наредните денови е критично, прогнозата го вклучи црвеното светло за тревога.

„Критичен е грониот тек на реката Вардар, река Црна“, вели Радмила Бојковска, УХМР. 

Ќе расте нивото на Радика, Треска, Пчиња, на притоките на Брегалница, Кумановска и Крива река, а според најавите нема да мирува ниту водостојот на Охридското и Преспанското езеро.

„Предупредуваме до сите градончалници до сите и државни институции да преземат соодветни мерки“, изјави Оливер Ромевски, директор на УХМР.

Обилните врнежи веќе направија штета на земјиштето во Штип, Велес, Гевгелија.

 

Наташа Јанчиќ