Најмногу жалби за општинските градежни инспектори
Од 115- тина пристигнати претставки, триесетина насто поплаки за работата на општинските инспекциски тимови за градежништво и комунални дејности врз кои нема ингеренции ова тело...

Три дисциплински постапки покренал Инпсекцискиот совет против инспектори на чија работа се жалеле граѓани. Две за вработени во Пазарниот инспекорат и за една од областа на земјоделството. Од 115- тина пристигнати претставки, триесетина насто поплаки за работата на општинските инспекциски тимови за градежништво и комунални дејности врз кои нема ингеренции ова тело.
„Граѓани се имаат жалено на постапувањето на некои инспектори. Има и на други штп се имаат жалено, меѓутоа, не секојпат има основаност. Интересно е што на почетокот на годината имаме зголем број на жалби против инспектори од трудовата инспекција“, изјави претседателот на Инспекцискиот совет, Ванчо Каргов.
Пазарната и трудовата инспекција биле најактивни на терен. Извршиле по 40- тина илјади контроли минатата година. Дел од нив и по пријава на граѓани за нарушени потрошувачи права, нерегуларности во заштитата при работа или неправилности во регулирање на работните односи.
Колку повеќе јавувања од граѓани, толку поголема транспарентност и ефикансот во работата на инспекциите, вели Каргов.
За секој инспектор се прави план и извештај за сработеното. Целта е квантитетот во спроведување на конторлите да се замени со квалитет - велат од Инспекцискиот совет. А, за да се подигнат стандардите, ќе се спроведуваат и обуки, а од следната година и годишни оценки.
Сузана Фиданска- Стоевска
