Кошарка – НБА

И Голден Стејт може да загуби дома!

28.01.2015 17:47

Откако Леброн Џејмс се врати по повредата, Кливленд врза седум победи. Кавалирс триумфираа во Детроит со 103:95, „кралот“ имаше ефект од 32 поена, 6 скока и 7 асистенции, додека прв стрелец со 38 коша беше Кајри Ирвинг...

По шампионот Сан Антони, Чикаго е само втората екипа што сезонава славеше на паркетот на НБА лидерот, Голден Стејт. Булс беа подобри од Вориорс по продолжение со 113:111. Победничкиот кош на седум секудни до крајот го промовираше Дерек Роуз во клучен играч. Плејмекерот на Чикаго постигна 30 поени, но од 33 обиди и имаше дури 11 загубени топки, за разлика од центарскиот тандем Пау Гасол - Јаник Ноа кои заедно реализираа 36 коша, 31 скок и 14 асистенци.

Откако Леброн Џејмс се врати по повредата, Кливленд врза седум победи. Кавалирс триумфираа во Детроит со 103:95, „кралот“ имаше ефект од 32 поена, 6 скока и 7 асистенции, додека прв стрелец со 38 коша беше Кајри Ирвинг.

Во другите натпревари: Индијана - Торонто 91:104, Мајами - Милвоки 102:109, Далас - Мемфис 90:109, додека единствената домашна победа ја остварија Лејкерс против Вашингтон со 98:92.