Кошарка – БИБЛ

Кожув и Куманово во различни групи!

28.01.2015 23:23

Куманово славеше на гости кај Рилски Спортист по продолжение со 95:90, го освои првото место во групата А...

И пред да се одигра последното, десето коло во балканската кошаркарска БИБЛ конкуренција, македонските екипи имаа обезбедено пласман во втората фаза, но резултатот во Бугарија ги раздвои во различни групи.

Куманово славеше на гости кај Рилски Спортист по продолжение со 95:90, го освои првото место во групата А, но нема да пренесе бодови. Куамовци ќе бидат во група со Пеќ којшто ќе стартува со 2-0 и со Крајова и Морнар коишто имат ефект 1-1.

Кожув пак, ја потврди првата позиција во конкуренцијата Б со максималниот осми триумф и тоа дома против Влазнија со 99:59 и внаредниот круг ќе го почне со две победи. Со гевгеличани во групата ќе бидат и Рилски Спортист и Сутјеска коишто пренесуваат по една победа и пораз и со Приштина којашто е без бодови.