Кошарка

МЗТ Скопје во завршницата на Купот!

28.01.2015 23:25

Екипата од Јане Сандански го брани трофејот, но квалитетот на екипите најавува интересен турнир чијшто домаќин ќе биде познат утре по одржаната лицитација...

МЗТ Скопје им се придружи на Кожув, Куманово и на Работнички на завршниот турнир на Купот на Македонија во кошарка. Аеродромци немаа проблеми и во реваншот од четртфиналето против Гоце Делчев и славеа со 95:83.

Екипата од Јане Сандански го брани трофејот, но квалитетот на екипите најавува интересен турнир чијшто домаќин ќе биде познат утре по одржаната лицитација.

Во меѓувреме, аеродромци ќе се насочат на дуелот од 20-то коло од АБА лигата против Партизан в сабота во 21 часот во Скопје со пренос на МРТ собранискиот сервис.

По паузата пак, вториот дел од домашната Прва лига ќе продолжи викендов. Во 11-то коло ќе играат: Карпош Соколи – Гоце Делчев, Кожув – Куманово, Струмица – фени Индустри и Работничји – Водњански Лисици. Слободен во оваа рунда ќе биде МЗТ Скопе Аеродром.