СП Катар 2015

Шпанија ја победи Данска за 16 секунди

28.01.2015 23:43

16 секундин ја делеа селекцијата на Данска до продолжување на сонот за мундијалското злато, до евентуални продолженија во драматичното четврфинале против бранителот на титулата Шпанија, но Кадењас со звукот на сирената ги одведе шпанците во полуфиналето на СП...

И тоа ќе остане,да се памети како и дебаклот на данците во финалето на Светското пред две години.

16 секундин ја делеа селекцијата на Данска до продолжување на сонот за мундијалското злато, до евентуални продолженија во драматичното четврфинале против бранителот на титулата Шпанија, но Кадењас со звукот на сирената ги одведе шпанците во полуфиналето на СП и до победа над Данска со 25-24.Дотогаш се беше максимално израмнето.Резултатката нишалка од почетокот до 60-тата минута превагнуваше само за два гола на едната или на другата страна.Како и да завршеше натпреварот ќе беше реално,можеби продолженијата ќе беа најреалниот епилог,барем побезболен за данците.

Драма,тензија,неизвесност,битка до последнен здив-сето ова го красеше најубавото четврфинале во Катар,елементи што можеби ги заслужува само големото финале, но и до него претстојат нови возбудувања.Шпанците се одново на потег.Актуелниот светски против европскиот и олимпискиот шампион Франција.Потешко полуфинале неможе да има.

 

Зоран Видевски, специјален известувач од Катар за МРТ