Цената на нафтата продолжува да паѓа

29.01.2015 09:31

Цената на барел лесна сурова нафта за испораките во март се намали за 1,78 долари и достигна 44,45 долари на њујоршката берза...

Цената на нафтата се намали под 45 долари за барел при затворањето на берзите во Њујорк и ја достигна најниската вредност во последните шест години.
 
Цената на барел лесна сурова нафта за испораките во март се намали за 1,78 долари и достигна 44,45 долари на њујоршката берза.
 
Ова е најниската цена на нафтата од 11 март 2009 година, кога еден барел нафта изнесуваше 42,33 долари.