Ципрас против „ол инклузив“ во грчките хотели
29.01.2015 09:53
Хотелите со “ол инклузив“ се популарни, но се катастрофа за локалните трговци и сопственици на ресторани, затоа што туристите се задржуваат “зад оградата на хотелот“, наведува весникот...

Новиот грчки премиер Алексис Ципрас вети донесување на мерки за спас на економијата на земјата и призна дека неговата влада нема право на грешка, пренесе агенцијаат ЕФЕ.
Тој истакна дека негови приоритети се да обезбеди можност на малите компании кои се пред банкрот, како и на политиката за намалување на невработеност.
Меѓудругото Ципрас вети дека ќе го промени досегашниот систем на туристички одмори “ол инклузив“, каков е развиен во Грција во последните неколку децении, пренесува Дејли меил. Тој има намера да го поддржи враќањето на традиционалниот модел на одмор, кога туристите посетуваат локални барови, ресторани и знаменитости.
Хотелите со “ол инклузив“ се популарни, но се катастрофа за локалните трговци и сопственици на ресторани, затоа што туристите се задржуваат “зад оградата на хотелот“, наведува весникот.
Британските туроператори веќе соопштија дека промените кои би можело да ги донесе грчката влада нема да влијаат на одморот на туристите годинава.
