Успешен извоз на македонското вино
29.01.2015 12:36
Македонските винари во 2014 година на европскиот пазар го продале целото наливно и виното во шишиња одобрено со безцаринската квота. По речиси 15 години ова е за прв пат да се продадат сите предвидени количества на вино во овие земји...

Лани извозот на вино почна и заврши успешно. За прв пат, во целост, е искористена безцаринска квота за ЕвропскатаУнија.
По склучувањето на Протоколот во 2001 година, во целост се продаваше единствено наливно, а извозот на флашираното беше минимален и безначаен.
Само за една година продадените количествата се зголемиле за 42 ,а цените за 11 проценти.
Квотата за флашираното вино е 91.000 хекто литри, а за наливното скоро 40 милиони литри.
Методија Трајков
