Доделени наградите за најдобра карикатура и афоризам на фестивалот во Струмица

29.01.2015 12:42

Годинава на фестивалот учествувале 200 карикатури од 30 земји. Од друга страна 400 афоризми од шест земји се натпреваруваа за првите три места. Златната плакета ја освои Веселин Зидаров од Бугарија...

Валентин Георгиев од Бугарија со својата карикатура ја освои златната плакета на 16-тиот Меѓународен фестивал за афоризам и карикатура, Струмица 2015 година. Петчленото жири ги додели сребрената плакета на Слободан Битур од Хрватска, а бронзената на Дору Аксинте од Романија. Станува збор за фестивал кој е посветен на струмичкиот карневал, а темата е благо еротска, Карневал- еротика.

Годинава на фестивалот учествувале 200 карикатури од 30 земји. Од друга страна 400 афоризми од шест земји се натпреваруваа за првите три места. Златната плакета ја освои Веселин Зидаров од Бугарија, а сребрената и бронзената плакета отидоа кај македонските афористичари, Горан Марковски и Ацо Горгиев.

Карикатурите од годинешното издание традиционално ќе бидат изложени на чист понеделник после Прочка, кога пак ќе бидат читани и најдобрите афоризми.

Годинава, карикатурите го збогатија карневалскиот дух со инвентивниот еротски тематики кои се комбинација меѓу хуморот, сатирата и маските.

 

Катерина Давчева