Нова веб страница на Централниот депозитар

29.01.2015 13:22

Веб страницата има нова структура на содржините и е збогатена со информации...

Централниот депозитар на Македонија пушти во употреба нова веб страница, на која на прегледен и едноставен начин ги презентира информациите од своето работење.

Веб страницата има нова структура на содржините и е збогатена со информации. Воведени се бројни содржини кои ја олеснуваат постапката на подготовка на документација заради соодветни уписи на промени во депозитарот.

Централниот депозитар има законска обврска на својата веб страница да ги објавува акционерите кои поседуваат повеќе од 5 насто од определена класа на хартии од вредност на котирани друштва и акционерските друштва со посебни обврски за известување.