Монографија за 65 години „Танец“

29.01.2015 13:58

На речиси 200 страници таа го прикажува развојот на националната установа во шест и пол децении - настапите за разни поводи, меѓународни гостувања, Танец во хуманитарни мисии и Танец меѓу дијаспората...

Промовирана монографијата „Танец- душата на Македонија“, од авторите Родна Величковска и Марко Китевски. Публикацијата се издава по повод 65-годишнината од постоењето на ансамблот за народни игри и песни „Танец“.

Директорот на ансамблот, Зоран Џорлев на денешната промоција рече дека со објавување на монографијата се заокружува одбележувањето на годишнината кое минатата година опфати 72 настани. Автори на монографијата се Родна Величковска и Марко Китевски.

На речиси 200 страници таа го прикажува развојот на националната установа во шест и пол децении - настапите за разни поводи, меѓународни гостувања, Танец во хуманитарни мисии и Танец меѓу дијаспората, антологиски избор на кореографии, избор на народни носии, учества на фестивали, поглавје за наградите, за сите вработени, одгласите за настапите на ансамблот и сето тоа илустрирано со голем број фотографии од богатата архива на ансамблот.