Состојбата во Украина главна тема на средбата на министрите за надворешни на ЕУ
29.01.2015 14:37
На состанокот ќе се разговара и за замрзнатите сметки и забраната за патување на десетици руси и украинци по анексирањето на Крим...

Состојбата во Украина ќе биде главна тема на вонредната средба на министрите за надворешни работи на Европската Унија која денеска ќе се одржи во Брисел. На состанокот ќе се разговара и за замрзнатите сметки и забраната за патување на десетици руси и украинци по анексирањето на Крим.
Русија го прекинува своето учество во Парламентарното собрание на Советот на Европа до крајот на годинава, изјави вчера шефот на руската делегација во ПССЕ, откако Асамблејата одлучи до април да ги продолжи санкциите против 18 руски функционери како одговор на однесувањето на Москва во украинската криза.
