Промовирана детската книга „Кога тато ќе порасне“ на амбасадорот Оријан

29.01.2015 15:35

Објавена е на повеќе јазици каде што израелскиот амбасадор Дан Оријан престојувал во дипломатски мисии. Во Македонија се вљубил уште при првата посета...

„Кога тато ќе порасне“ e мала, но многу вредна книга, напишана од еден дипломат кој се уште го негува детето во себе, книга за секое дете и секој возрасен. Книга за желбите и соништата.

Објавена е на повеќе јазици каде што израелскиот амбасадор Дан Оријан престојувал во дипломатски мисии. Во Македонија се вљубил уште при првата посета.

„Ова е моја трета посета на Македонија. Знам дека не треба ова да го кажам, но вљубен сум во Македонија, во оваа комбинација на прекрасна природа и на прекрасни луѓе. јас многу верувам во луѓето и затоа токму тој втор дел е уште поважен“, изјави Дан Оријан, амбасадор на Израел во Македонија.

Средствата од оваа книга ќе одат во донација на една многу благородна кауза- за децата болни од терминална болест. Книгата ќе биде промовирана и во Израел на арапски и хибру, со илустрациите направени во Македонија. И средствата што ќе бидат собрани таму ќе одат во добротворни цели за болните деца.

 

Александра Перевска