Момент што нема да го заборавам
За полуфиналниот натпревар против Франција, Кањељас очекува уште еден тежок дуел, но според него Шпанија може до уште една победа...

„Чуството кога ги видов соиграчите како трчаат кон мене е незаборавно. Акцијата беше осмислена, но обично е тешко да се изведе прецизно. Бев сигурен во себе,тргнав во вистински момент. Знаевме дека ќе биде тешко и дека детаљи ќе решаваат“-истакнува јунакот на шпанската ракометна рерпрезентација Кањељас кој го постигна победничкиот гол со звукот на сирената против селекцијата на Данска во четвртфиналето на СП.
Притоа додава дека победата добива на тежина зошто е прва над големиот ривал на неутрален терен. За полуфиналниот натпревар против Франција, Кањељас очекува уште еден тежок дуел, но според него Шпанија може до уште една победа.
Среќен е поради доделената лидерска улога во репрезентацијата и свесен за прогресот во неговата игра по настапите во германската Бундес лига за екипите на Хамбург и сега во Кил.
