ИВЗ: Заеднички против секаков вид на екстремизам

29.01.2015 16:22

Нема точни информации колку државјани на Република Македонија учествуваат во паравоени формации во Сирија и на други кризни жаришта, дело кое во земјава се казнува и со пет години затвор. Бројката ја немаат ниту во ИВЗ, од каде апелираат верниците да не подлегнуваат на манипулациии. Ќе се работи на проект за ресоцијалицација на повратниците...

Заеднички да се спротиставиме на секаков вид екстремизам, антисемитизам или пак исламски фундаментализам се согласиле поглаварот на ИВЗ и израелскиот амбасадор во земјата. Првата средба ја сметаат за многу важна и конструктивна.

„Препорачуваме мир, спокојство, соживот, взаемно почитување, и токму поради тоа сме против ширење на такви идеи и активности“, изјави реис Ул Улема Хаџи Ефенди Реџепи,  поглавар на ИВЗ.

На маса предлогот на ИВЗ за ресоцијализација на повратниците од боиштата. За некои работи се согласуваат, но за некои имаат различни ставови. Но, израелскиот дипломат е задоволен што муслиманите кај нас правилно го разбираат проблемот со екстремизмот без оглед од која страна доага.

„Ќе го проучам проектот и ќе видиме дали ке го поддржиме. Од првите работи што ги слушнав има неколку работи за кои не се согласуваме, односно за методите кои се користат, но време е да ги научиме работите и ќе продолжиме со дијалогот“, изјави амбасадорот на Израел во Република Македонија, Дан Оријан.

Реисот Реџепи повтори дека проектот е само рамка во која државата треба да создаде механизми за ресоцијализација, на оние коишто ќе се вратат од боиштата.

Лидија Чакар