СП Катар 2015

Французите во проблем

29.01.2015 16:33

Засега е сигурно дека ќе се емитува на Беин спорт 3(поранешна Ал Џезеира),но тоа е канал кој посебно се доплаќа,а единствено засега е познато дека правата за полуфиналето и се отстапени само на ТМC каналот...

Додека француската селекција сигурно чекори кон ново обединување на олимписката, европската и светската титула на мундијалот во Катар, во нивната земја многу дилеми за милионите вљубеници во спорот каде ќе можат да го следат полуфиналниот дуел со Шпанија.

Засега е сигурно дека ќе се емитува на Беин спорт 3(поранешна Ал Џезеира),но тоа е канал кој посебно се доплаќа,а единствено засега е познато дека правата за полуфиналето и се отстапени само на ТМC каналот односно на телевизија Монте Карло која е слободно достапна само во мал дел од Франција.

Засега нема ништо од најавите дека евентуално француската телевизија ТF1 ќе ги откупи правата, но за да не биде обвинета од милионската публика француската ракометна федерација денеска се огласи со соопштение дека воопшто не била партнет во никакви преговори и дека меѓународната ракометна федерација комплетните ТВ права од мундијалот ги продала на Беин спорт.