Надворешната политика и социјалата во фокус на пратеничките прашања
Од Министерството за надворешни работи тврдат дека Македонија не го изгубила правото на глас во Обединетите нации откако во јавноста излегоа информации дека земјава има проблем во светската организација поради непалтен долг. Труд и социјала ги расчистува дилемите – дали на починат пенизонер му се скусува отпремнината ако бил на бањско лекување. Јануарски пратенички прашања...

Македонија не го изгуби правото на глас во Обединетите Нации- ова беше кажано на Собраниската седница за пратенички прашања кога пратеничката Роза Топузовска Каревска праша каква е состојбата на земјава во светската организација.
„Долгот од 24 илјади американски долари е подмиерен и на Република Македонија не и е одземено правото на глас“, рече Драгана Кипријановска, заменик министер за надворешни работи.
Дали на починат пензионер отпремнината што ја добива семјеството се крати ако пензионерот бил на бањско лекување. Шпекулациите ги отфрла министерот Диме Спасов. Проектот кој беше поздравен од пензионерите и за краток рок само сега има пријавено 9.000 пензионери не може да има црна дамка. Наводите дека некому му скратиле ќе бидат испитувани.
Владата објаснуваше пред пратениците дека во следниов период, но и следната година, ќе бидат вложени над 124 милиони евра во реконструкција само на регионалните патишта, но ќе се санираат и локалните.
Државната кардиохирургија веќе фунционираа одговорија од здравство, екипирана е и се вршат операции.
Миле А. Ристески
