Прво на редовни психолошко – психијатриски прегледи, потоа ракување со службено оружје

29.01.2015 17:20

Владата усвои законски измени за рано дејствување и постапување за превенирање на случаи на семејно насилство кои се извршуваат од страна на службени лица кои што ракуваат со службено оружје при извршувањето работни задачи...

Службените лица кои ракуваат со оружје за време на вршењето на своите работни задачи покрај редовните систематски и физички прегледи ќе подлежат на психолошко –психијатриски прегледи. Ќе може да ракуваат само оние кои добиле позитивно стручно мислење. Ова се предвидува во законите за полицијата, војската, судската, затворската, шумската, финансиската полиција. Ќе се воедначува процедурата во случај на сомнеж дека службено лице кое ракува со службено оружје е сторител на семејно насилство.

Постапката ќе се одвива во неколку чекори. Прво полицијата или центрите за социјалната работа се обврзуваат во рок од 24 часа да го известат органот кадешто лицето работи за почетокот на постапка при сомнеж дека службеното лице извршило семејно насилство.

Следствено претпоставениот ќе треба да му го одземе оружјето се до понатамошна одлука, дури и да го распореди на друго работно место на кое нема допир со оружје во вршењето на работните задачи. Постапката предвидува лицето да биде упатено од ракјоводителот на вонреден психолошки и психијатриски преглед.

Да ракува со оружје би му се одобрило во случај стручниот наод да укажува дека лицето ја задржало способноста да ракува со службеното оружје.

Јавноста сеуште се сеќава на двата случаи на трикратни убиства што ги извршија случбени лица со оружјето со кое ракуваа на своите работни места.

 

Фиљана Кока