Инфективна клиника: 12 годишното девојче не почина од свински грип
Од Инфективната клиника тврдат дека 12-годишното девојче не починало од свински грип. Било примено во исклучително тешка здравствена состојба, па залудни останале сите обиди на лекарите да го спасат...

12 годишното девојче кое што почина на Инфективната клиника не било заболено од свински грип- тврдат надлежните. На Клиниката било примено во многу тешка здравствена состојба, со пролив и повраќање. Според симптомите, докторите не утврдиле никакво постоење на свински грип. Четири часа докторите се обидувале да го спасат.
„Нејзината клиничка симптоматологија не потврди такво нешто“, потврди за МРТ д-р Звонко Миленковиќ - директор на Инфективна клиника.
А изминативе денови на детската клиника било хопитализирано 5 годишно дете со симптоми слични на западно нилска треска. Детенцето е во стабилна состојба.
„Примарната кондиција со која се појави на Клиниката беше доста загрижувачка, се појави со една неможност да оди, со една централна манифестација која не загрижи, затоа и го хоспитализиравме и пристапивме како да го лекуваме најлошото, но сепак излезе дека се работи за Западно-нилска треска“, изјави д-р Аспазија Софијанова - директор на Клиниката за детски болести.
Лекарите велат дека Западно- нилската треска не е опасна по здравјето на луѓето, нема потреба од паника. Многу поопасно од ова заболување е грипот, од кој најмногу страдаат малите деца и повозрасните.
Андријана Атанасовска
