Формула 1

Брзината не е причина, состојбата непроменета

08.01.2014 15:01

Според истрагата на француските власти ,брзината со која скијал 7-кратниот светски шампион во формула 1 Михаел Шумахер, не е причина за тешката несреќа.
 
По анализата на двеминутната снимка од камерата што германецот за време на несреќата ја носел на заштитната кацига, истражителите утврдиле дека Шумахер се движел со нормална брзина (20 км/ч) што не било  проблем за искусен и добар скијач како него, но и дека скијал  надвор од предвидената-обележана патека.
 
Како што било соопштено на денешната прес-конференција, Шумахер сам избрал да се движи по црвената патека што била видливо обележана, но и покрај искуството со едната скија удрил во камен на 8 метри надвор од безбедната патека , ја загубил контролата и со главата удрил во друг камен на 9 метри крај патеката.
 
Според раководителот на истражниот тим Бенуа Винеман, деталните анализи не покажале ништо сомнително и дека несреќата на Шумахер е налик на многу други скијачки инциденти, додавајќи дека досега истражувале 50-тина слични несреќи.
 
Исто така истражниот тим ја исклучил можноста дека за несреќата причина може да биде неисправната опрема за скијање.
 
Што се однесува до здравствената состојба на германецот засега нема нови информации односно неговата состојба и натаму е стабилна , но критична.