Зошто сте зависни од кафе?!

29.01.2015 19:06

Истражувачите од Ембапра одделението за генетика и биотехника откриле фрагменти на протеини-пептиди, кои претходно не се забележани, а на кафето му даваат својства слични на морфиум. Со други зборови, делува како аналгетици и седативи...

Бразилски истражувачи откриле дека кафето содржи опијати кои се посилни од морфиум.
 
Според шпанската новинска агенција ЕФЕ, истражувачите од Ембапра одделението за генетика и биотехника откриле фрагменти на протеини-пептиди, кои претходно не се забележани, а на кафето му даваат својства слични на морфиум. Со други зборови, делува како аналгетици и седативи.  
 
Тестови врз лабораториски глувци покажале дека молекулите на опијатите кои се наоѓаат во кафето имаат подолг ефект врз глувци отколку самиот морфиум.
 
Откритието за овие молекули произлезе од работата на истражувачот Фелипе Винеког, од Универзитетот во Бразил, кој сакал да го подобри квалитетот на зрната кафе преку комбинација на гени.