Облачно со силен јужен ветер, попладне дожд

30.01.2015 09:34

Попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и во јужните делови...

Времето во Македонија во претпладневните часови ќе биде умерено облачно, а во пладневните часови почнувајќи од запад ќе се зголемува. Ќе дува засилен, повремено и силен ветер од јужен правец со удари коишто ќе достигнуваат и над 80 километри на час.
 
Попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и во јужните делови каде што локално се очекува да наврнат и над 40 литри дожд на метар квадратен. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ноќта кон сабота висината на снежните врнежи ќе се спушта во западните делови и во некои повисоки места.
 
Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од осум до 12 степени.