СП Катар 2015

Војна на ѕвездите

30.01.2015 10:36

Се очекува величенствено полуфинале, дуел на две големи репрезентации, две селекции што со своите резултати оставаат белег во светскиот ракомет во последните 2 децении, полуфинале тешко 6 златни медали од Светските првенства...

„Да ,сакаме освета,уште се свежи сеќавањата на двата пораза од Франција.На европското во Данска во последните минути Абало постигна три гола, на Олимписките игри во Лондон загубивме во последната секинда со голот на Акамбре.Тоа беше најтешкиот момент во мојот живот.Да ,сакаме освета!“-искрен е шпанскиот репрезентативец Кристијан Угалде во пресрет на полуфиналниот дуел против Франција на Светското првенство во Катар.

Се очекува величенствено полуфинале, дуел на две големи репрезентации, две селекции што со своите резултати оставаат белег во светскиот ракомет во последните 2 децении, полуфинале тешко 6 златни медали од Светските првенства.

Или поедноставено, дуел на актуелниот светски шампион против актуелниот европски и олимписки првак.

Не само поради двете победи во последните меѓусебни дуели,Франција влегува како фаворит во пресметката со Шпанија и според севкупниот биланс:6 победи,три нерешени и 3 порази во дуелите со Шпанија.

Уште повеќе и поради огромната самодоверба кај триколорите кои се предодредени на успеси на големите манифестации:

„Од 2006-тата наваму ги освоивме сите значајни медали барем по двапати.Ние сме стручњаци за победи.Значи,имаме самодоверна ,но и знаење како се освојуваат златни медали,но претходно сепак мораме да дојдеме до финалето“-вели во својата изјава Даниел Нарцис,една од многуте ѕвезди во тимот на Франција.А, не само што во составот ги имаат и браќата Карабатиќ,Гигу,Фернандез и фантастичниот Омејер,французите играат во врвна форма. На спротивната страна пак исто така плејада врвни ракометари како Кањелас,де Варгас,Македа,Томас,Чема,Морос,Ривера…

Полуфинале што не се пропушта. Најновото продолжение од „Војната на ѕвездите“ следете го единствено на МРТ од 19 часот.

 

Зоран Видевски, специјален известувач од Катар за МРТ