Заштитата на животната средина како услов за добивање субвенции

30.01.2015 12:22

Големите земјоделски производители ќе мора да внимаваат на заштитата на животната средина. Ова е услов за добивањето на субвенции и за користење на парите од европските ИПАРД фондови...

Добра земјоделска практика, повисокиот квалитет и заштита на животната средина се дел од условите за добивање на субвенции.
 
Поизводителите ќе мора да водат и евиденција за користените пестициди, ѓубрива и за добиените производи.
 
Ќе се прават и анализи на почвата најмалку еднаш во пет години за да се знае кои средства се користени, од каде се купени и како се чува добитокот.
 
Принципите на добрата земјоделска практика ќе се воведуваат постепено,а до2017-та година овие  барања ќе бидат услов за исплата на најмалку 25 отсто од финансиска поддршка.
 
 
 
Методија Трајков