Јолевски: Глобалната безбедност е наш императив

30.01.2015 12:54

Според него, пример за посветеноста на Македонија кон мирот и безбедноста е и стратегиска цел, членството во НАТО и во Европската унија...

Глобалната безбедност е наш императив, а за тоа се потребни едуцирани кадри. Ова го истакна македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски пред студентите на Колеџот на Јужна Флорида.

Денес заканите не запираат онаму каде што се и границите. Напротив, нивните влијанија и потенцијалните ризици се транснационални и затоа меѓусебното поврзување и колективниот развој се базата за безбедноста, рече Јолевски.

Според него, пример за посветеноста на Македонија кон мирот и безбедноста е и стратегиска цел, членството во НАТО и во Европската унија.

Колеџот на Јужна Флорида е приватна образовна установа основана во 1883-та година и е рангиран на високото 5-то место на ранг-листата за најдобри регионални колеџи.