Нов рекорд на туризмот во Европа
30.01.2015 13:07
Која европска земја е најатрактивна за туристите и која најмногу заработува? Статистиката вели дека во фокусот и натаму се Франција,Шпанија и Италија...

Туризмот во Европа бележи нов рекорд. Лани Европската унија привлекла рекорден број туристи, а најмногу гости биле регистрирани во Франција, покажуваат најновите податоци на Еуростат.
Биле остварени 2,7 милијарди ноќевања во туристичките објекти во 28-те земји членки, што според Еуростат е зголемување за 1,7% во однос на 2013-та.
Франција е лидер со евидентирани 403 милиони поединечни ноќевања, а Шпанија е на второто место со 401 милион. Најголем раст од 11% забележала Латвија.
