Финансиска поддршка за маркетинг на земјоделските производи
Според портпаролот Александар Ѓорѓиев со ова ќе се помогне во зголемување на извозот на земјоделски производи на странските пазари...

Владата ја презентира програмата за финансиска поддршка на маркетингот на земјоделските производи. Според портпаролот Александар Ѓорѓиев со ова ќе се помогне во зголемување на извозот на земјоделски производи на странските пазари.
Целта на оваа програма е да се дадат финансиски средства за помош на домашните земјоделски компании со цел да се обезбеди што поголем квалитет на нивните производи и на тој начин да се влијае во зголемување на извозот којшто го имаат овие производи на надворешните пазари, и на тој начин да се оствари корист и за самите компании коишто ги извезуваат производите, а се разбира да се влијае позитивно на девизниот прилив којшто го обезбедува Р. Македонија, како резултат на извозот на земјоделски производи, посочи Ѓорѓиев.
Годинава за оваа намена се издвоени 35 милиони денари.
