Готов деталниот гравиметриски премер на Македонија
Ќе се користат за истражувања на рудни богатства, за лоцирање подземни води, во сеизмологијата и проектирање на патната и железничка инфраструктура.

Објавени се податоците од деталните гравиметриски мерења – преглед на густината на масите во внатрешноста на земјата. Ќе се користат за истражувања на рудни богатства, за лоцирање подземни води, во сеизмологијата и проектирање на патната и железничка инфраструктура.
Податоците од гравиметрискиот премер се од исклучителна важност и нивната примена придонесува за подобрување на точноста и квалитетот на геопросторните податоци, односно на координатите на геодетските точки и деталните точки со кои што се дефинираат границите на недвижностите. Податоците, пак, за распоредот и густината на масите во внатрешноста на земјата се исклучително важни при спроведувањето на различни научно-истражувачки и стручни работи, рече директорот на Агенцијата за катастар, Славче Трпески.
Македонија е прва земја од регионот што успеа да спроведе комплетно нов гравиметриски премер на својата територија со користење на најсовремени инструменти и методи на мерење, согласно со европските стандарди.
