Продолжуваат санкциите на ЕУ кон Русија
30.01.2015 14:08
Шефицата на европската дипломатија Могерини изјави дека санкциите наместо до март, ќе бидат продолжени за уште шест месеци...

Европската Унија реши да ги прошири санкциите за Русија и проруските бунтовници поради продолжувањето на борбите во Источна Украина.
Шефицата на европската дипломатија Могерини изјави дека санкциите наместо до март, ќе бидат продолжени за уште шест месеци.
Одлуката ја донесоа сите 28 земји членки на унијата, вклучувајќи ја и Грција која претходно се противеше.
Министрите за надворешни работи се согласија до 9 февруари да се подготви список на нови личности врз кои ќе подлежат на санкции.
