Снежно невреме во Франција
30.01.2015 14:24
Во 11 области во Франција во сила е портокалов степен на предупредување...

Силно невреме со обилни врнежи од дожд и од снег го зафати југозападот на Франција и остави околу 8.000 домаќинства без електрична енергија. Дополнителни проблеми создава силниот ветер чија брзина достигнува и до 100 км на час. Во 11 области во Франција во сила е портокалов степен на предупредување.
Снегот предизвика проблеми и во Словенија. Затворен е за сообраќај автопатот кон морето, а во покраината Горењска се очекува висината на снежната покривка да надмине 40 сантиметри.
