Почина Жељу Желев

30.01.2015 14:50

Филозоф по вокација, дисидент, политичар и државник, беше иницијатор и коосновач на Клубот за гласност и перестројка и еден од основачите на Сојузот на демократските сили во декември 1989 година...

На 79 годишна возраст почина Жељу Желев, првиот демократски избран претседател на Бугарија и докажан поддржувач на Република Македонија. Филозоф по вокација, дисидент, политичар и државник, беше иницијатор и коосновач на Клубот за гласност и перестројка и еден од основачите на Сојузот на демократските сили во декември 1989 година. 

Тој е носител на највисокото државно одличје на Бугарија, орденот „Стара Планина“ од прв степен, како и на поголем број академски и државни награди.

Претседателот на Република Македонија, Иванов упати писмо до сочувство.